Како и во модата, така секоја година се појавуваат нови трендови и во уредувањето на ентериерот.
И за едното и за другото првиот „благослов“ мора да го даде ценетиот магазин „Vogue“ кој веќе долго време не ги диктира само модните трендови.
„Vogue“ разговарал со познати архитекти и дизајнери на ентериер за да провери која боја во 2022 година ќе биде најпопуларна кога е во прашање уредувањето на домот, а одговорот е – кафеава.
Магазинот пишува дека популарноста на кафеавата боја придонесува и во сè поголема популарност на т.н. топол минимализам во уредувањето на ентериерот.
Минимализмот и уметноста на едноставноста во уредувањето почесто се сведуваа на белата боја, но потоа тоа резултираше визуелно со „поладни“ ентериери.
Откако во последните две години сите имавме многу повеќе време да поминуваме дома, се јавува потребата за еднакви и неутрални, но сепак топли решенија.
Тука на сцена настапува палетата на кафеави нијанси. Меѓутоа, тоа не значи дека само во наредните години ќе го гледаме тоа во ентериерите на домовите.
„Секогаш кафеава, никогаш сива. Тоа е моето мото. Нијансите на кафеава боја во ентериерот носат топлина и мир. Можат да послужат како нaдополнување, но и како база за други детали во доминантните бои“, вели дизајнерот Џејк Арнолд.
Доколку ве интересира како потемните нијанси на кафеава боја изгледаат во ентериер, тогаш погледнете ги фотографиите и инспирирајте се за потенцијално (пре)уредување на својот животен простор.
Извор: точка.мк