- На што ќе биде ставен акцентот на новата колекција?
Со задоволство ви ја најавувам мојата нова пролет лето колекција, на која акцентот ќе биде ставен на корсети и фустани, наменети за посебни прилики во овој период од годината. Секако неизбежни ќе бидат уникатните цртани маички по кои што луѓето најмногу ме препознаваат.
- Која е инспирацијата на оваа колекција?
Овој пат инспирацијата е природата. Почнувајќи од чистата кристална вода на која небото се отсликува, до светло сините кристали кои ни помагаат да размислуваме и да се релаксираме во нашето прифаќање на животот што го имаме во секојдневието, притоа користејќи ги светло сините кристали за да се развие една трпеливост и усогласеност во разликите.
- Ако велиме инспирација од природата, тогаш што би ни препорачале од модни парчиња за оваа сезона?
Со нетрпение ги чекам топлите денови и сонцето и најмногу тие ми ја даваат енергијата за креирање. Во мода повторно ќе бидат шарените цветови на маици и елеци, синиот светол џинс, како и белата боја задолжителна во секоја комбинација.
- Веќе 3 години успешно се претставуваш на сцената како уметник, но и моден дизајнер. Што ново би можеле да очекуваме?
Оние кои ме следат во мојата работа, мислам дека веќе се навикнаа да гледаат ново и ново од мене, прашувајќи ме како имам време се’ да постигнам. Но, ете кога нешто правите со љубов, тогаш не ви се спие. Неодамна го почнавме проектот „SEWING“ односно стартуваме од 0 за резултат 10. Само 2 секунди одвоени за вашата мерка. Бм Дизајн започнува да ја изработува вашата уникатна идеја преку изработка на модна илустрација, шиење и краен ефект, цртање. Оваа идеја се роди токму од моите клиенти кои што сакаат да добијат комлетно решение за нивниот изглед.
- Се ближат матурите, ќе може ли да ни кажете некој моден совет за матурантите, кои сигурно периодов се во потрага по своето модерно парче облека?
Искрено и јас се сеќавам на мојата матура за која сигурна бев дека морам да сошијам фустан и дека тој фустан ќе биде еден и единствен. Токму поради тоа еве еден мој краток совет за оние кои планираат да направат модно парче облека почнувајќи од 0, тоа да биде едноставно, решено минималистички со еден детал. Доколку пак се решат да купат готово парче, би препорачала да е надополнето со интересен принт, цртеж, не плашејќи се и да е во повеќе бои, бидејќи последниве години, сигурно се носи и на светската модна сцена.