Овен
Доколку се во прашање трговија или контакти со странство сѐ уште ќе ги чувствувате позитивните влијанија на планетите. Некои од вас ќе заминат и на пат а резултатите ќе бидат онакви какви што очекувате. Добро би било да организирате некој излет или прошетка за зацврстување на врската.
Бик
Заради многу зборување може да дојдете до судир со соработниците. Оние Бикови кои се занимаваат со интелектуална работа ќе имаат големи успеси. Потребно ви е време и место каде навистина ќе бидете сами. Без поголеми причини ќе бидете опседнати со вашето здравје.
Близнаци
И покрај тоа што најчесто предизвиците ги решавате сами, денес најверојатно ќе мора да побарате и помош од најблиската работна околина. На љубовен план ве очекува извинување што ќе ја стави на испит вашата врска. Ако сте во сериозна врска, многу е важно да успеете да најдете заеднички јазик со партнерот.
Рак
На работното место немојте да ги префрлате обврските на соработниците, трудете се да завршите што е можно повеќе вие самите. На љубовен план ви претстои пријатна средба со некој Стрелец. Вие се ќе сторите само да ја одложите истата, сѐ заради тоа што чувствувате некој страв од неуспех.
Лав
Нема да имате поголеми напори, а сепак ќе чувствувате замор. Можеби нема да можете правилно да ги распоредите обврските, па од таму да дојдете до ситуација кога повеќе ќе трошите енергија, но за мали нешта.
Девица
Размислувате да започнете со самостојна работа, но некако немате доволно доверба во своите сили и способности. На љубовен план можни се помали недоразбирања и расправии со партнерот па затоа избегнувајте конфликтни ситуации.
Вага
Најверојатно досега не сте успеале да го совладате фактот дека минатото колку и да го сакаме не можеме да го вратиме назад. ќе почувствувате некои потешкотии со дишните патишта кој може да се последица од цигарите ако сте пушач или како последица од некоја недолечена настинка затоа избегнувајте затворени простории.
Шкорпија
Размислувањата, или уште полошо, тагувањата за минатото не само што не ви помагаат, туку голема е веројатноста да ве донесат до сигурна депресија. Ќе се чувствувате изморени и психички и физички што не е ни чудо затоа што многу малку спиете.
Стрелец
Желбата и волјата за работа се врати во вас и тоа на голема врата. Така на вашиот работен пат нема да може да ве застане ниту една препрека. Емотивното разбирање и заемното надополнување со партнерот претставува само позитивен чекор напред, но вие сѐ уште се однесувате специфично кон саканата личност.
Јарец
Оние припадници кои се во долга врска или брак нека не помислуваат истата да ја стават на тест заради кратка забава. Тоа може навистина многу да ве чини. Од некој појак емоционален стрес можна е манифестација кај некој од органите, консумирајте витамини особено оние од групата Б.
Водолија
Одличен период, почнувајќи од комуникациите до деловните контакти. Притоа ќе се опуштите и ќе придавате важност на секојдневниот квалитетен живот. Кај оние слободните ситуацијата ќе биде многу динамична. Можно е да запознаете личност на која вреди да ѝ посветите внимание.
Риби
Оние работни грижи избегнувајте да ги префрлате во приватните односи. Концентрацијата ќе биде беспрекорна но на моменти ќе почувствувате замор заради балансирање на работната околина. Повеќе од времето ќе го минувате работејќи и дружејќи се со соработниците.