Во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“ настапуваа неколку македонски претставници кои поминаа во следниот круг.
Една од нив беше и некогашната победничка на „Неки нови клинци“, Благица Ѕунѕуровска од Скопје која беше во дуел со Филип Јовановиќ.
Благица се претстави со песните „Збуњена“ и „Горка храброст“. По нејзината интерпретација таа доби вкупно три гласа од жирито.
Веднаш се огласи и Саша Поповиќ кој истакна дека на Благица и се јавиле два, три дена пред снимањето бидејќи една македонска кандидатка се откажала и дека Ѕунѕуровска немала воопшто време да се подгтвува со својот ментор.
Марија Шерифовиќ истакна дека штом Благица ја вратиле на „3,4“ тогаш заслужува да оди во следниот круг.
Карлеуша прокоментира дека Благица е преслатка, но дека опасно пее.
„Благице, ти си слатка, симпатична, но кога пееш ти си опасна ѕверка. Јас ти дадов глас поради бруталниот талент , енергијата и ѕверскиот поглед и те молам направи успех во оваа работа бидејќи ти си ѕверка“, истакна Карлеуша.
Поповиќ беше кој треба да одлучи дали Ѕунѕуровска ќе оди понатаму, така да тој го даде својот глас и ќе имаме прилика македонската кандидатка да ја гледаме во некои од следните емисии.
Нејзиниот настап може да го погледнете во видеото подолу на 1:27:44
<iframe width=”853″ height=”480″ src=”https://www.youtube.com/embed/9VFCnFCFS9Y” frameborder=”0″ allow=”accelerometer; autoplay; clipboard-write; encrypted-media; gyroscope; picture-in-picture” allowfullscreen></iframe>