Радио Милева

Блага Петреска: „Кога останав сама одлучив да не ги повредам моите деца затоа што многу го сакаа својот татко“

Блага Петреска: „Кога останав сама одлучив да не ги повредам моите деца затоа што многу го сакаа својот татко“

Македонската пејачка Блага Петреска има долг естраден стаж и важи за една од најдобрите пејачки со подолга успешна кариера.

Во интервју за „svet – australia“ таа вели дека пеела уште како дете.

„Јас пеев секој ден уште како дете, а ако не запеев мајка ми знаеше дека имам некој проблем. Пеам постојано ама не мислев дека тоа ќе го пренесам на сите во светот каде што не има – МАКЕДОНЦИ. Тоа е голем чест и дараба од Бога да пренесеш енергија и да допреш до најискрените чувства на слушателот. Тоа задоволство со никакви пари не се купува. Ништо не би променила“ вели фолк пејачката и додава дека не брои колку години е на музичката сцена.

фото: Принтскрин/јутуб

„Не знам да ги бројам годините за стаж, а пензија имам од МНТ – опера како хорист. Јас сум задоволна, реализирана и исполнета жена. Во мене има љубов и радост за луѓето“ вели Петреска.

Кога стнаува збор за нејзиниот приватен живот, таа како млада го изгуби својот сопруг .

Никогаш не одлучивте повторно да се омажите, а мора да признаеме дека во јавност никогаш повеќе не се покажавте со партнер. Зошто се одлучивте на таков  радикализам?

„Мене ми се случи вистинската љубов и две деца од истата. Кога останав сама решив да ни ги повредам моите деца затоа што го сакаа многу својот татко. Сите тројца седнавме и се договоривме дека јас ќе работам и хонорарно да не им недостига ништо, а тие да учат, да завршат факултет“ вели Блага.

фото: фејсбук

Нејзината ќерка се одлучи за новинарска професија и замина од Македoнија, додека пак нејзиниот син ја освои публиката како виртуоз на виолина.

На прашањето дали е среќна со изборот на нејзините деца, фолк пејачката вели:

„Децата се гордеат со мене, а јас со нив. Мојот син, е извонреден професор, диригент и срeќно оженет со исто извонредна виолинистка од Русија. Ќерката и зетот исто среќно живеат во странство и се презадоволни. Имам три внуци и еден внук. Што друго би посакала?“ вели Блага за „svet- australia“.

Пејачката потенцираше дека е заљубена во Македонија и дека е најубаво место за живеење.

To top