Живот и Стил

Бизарен тренд ги полуде жените ширум Светот: Еве што ставаат во шампонот за да поттикнат брз раст на косата

Бизарен тренд ги полуде жените ширум Светот: Еве што ставаат во шампонот за да поттикнат брз раст на косата

Бизарниот тренд се прошири на социјалните мрежи, особено на „TikTok“

Имено, жените започнаа да снимаат видеа во кои гордо и со воодушевување зборуваат за ставање апчиња за контрацепција, во прав во шампон за поттикнување на раст на косата.

Една девојка рече дека веќе две години користи разни производи за да го поттикне растот на косата додека не го слушнала овој трик од нејзината мајка.

– Мајка ми ми рече дека кога била помлада, ставала апчиња за контрацепција во шампон за да поттикне раст на косата. Решив да пробам.

Снимките станаа вирални многу брзо, а многумина открија дека овој метод навистина функционира.

– Иако е лудо, се чини дека делува – напишало едно лице, додека друго признало дека помагало.

Погледнете го видеото и дознајте дали косата навистина расте побрзо подолу:

@uwubrat

Trying to grow my hair out for like 2 years now lol #hair #hairgrowthtips #hairgrowthjourney #birthcontrol #hispanicmoms #fyp

♬ Stunnin’ (feat. Harm Franklin) (Explicit) – Curtis Waters

Иако хормоните играат голема улога во подобрувањето на нашата кожа и коса, експертите велат дека ова нема смисла или ефект. Д-р Ширин Локани вели дека таблетите за контрацепција не се создадени за да се апсорбираат во скалпот или кожата.

– Разбирам зошто луѓето мислат дека ова ќе успее, но навистина е бесмислено и не, нема да има ефект – посочува лекарот и препорачува да се јаде храна богата со витамин Б и биотин како месо, морски плодови, лиснат зеленчук и бадеми за раст на косата.

извор:попара.мк

To top