Радио Милева треба црковен развод

Бившиот на Гоца Тржан тврди дека тие треба да се разведат во црква за да склопат брак со друг партнер: „Не знам како се омажи со Раша“

Бившиот на Гоца Тржан тврди дека тие треба да се разведат во црква за да склопат брак со друг партнер: „Не знам како се омажи со Раша“

Реалити ѕвездата Иван Маринковиќ по излегувањето од реалното шоу „Парови “ е во емотивна врска со Јелена Илиќ, но го изненадила веста дека неговата поранешна сопруга Гоца Тржан се венчала во црква со Раша Новаковиќ бидејќи прво тие треба да се црковно да се разведат, за да може да склопат црковен брак со други партнери.

Иван тврди дека тој не добил никакво барање за нивен развод во црква, ниту дека бил известен дека се разведени.

„Ова воопшто не е шега. Јелена и јас пред некој ден бевме во манстирот Раковиќ.  Мора и црковниот брак да се поништи, мора јас и Гоца да го прифатиме и црковниот развод за да може да склопиме бракови со други партнери. Меѓутоа, тоа црковно се разведе без мене. Свештеникот во црквата ми кажа дека таа или измамила или преку некој се развела без мене. Морам да добијам од црквата документ дека сум разведен. Секако, драго ми е што се венча и во црква, таа со тој човек е шест, седум години“, вели  Маринковиќ.

Тој вели дека е во контакт со ќерката Лена која ја доби од бракот со Гоца.

„Не се премонија многу работи. Таа е голема девојка, има 14 години. Не сакам од тоа правам голема „помпа“. Се слушаме, дозволувам работите да се одвиваат полека“, вели Иван.

Тој откри како му оди и во врската со Јелена која ја засака во реланото шоу „Парови“.

„Сакаваме да се венчаме. Во манстирот бевме бидејќи работиме на семејство. Свештеникот ни кажа дека мора да бидеме црковно разведени за да се венчаме и да ни чита молитви за потомство. Се надеваме дека наскоро ќе имаме семејство“, вели Маринковиќ.

фото: никола томиќ/ата имагес/инстаграм/гоца тржан

To top