Промотер

Бившата ТВ водителка на „Бекстејџ“, Ева Јовановска во видеото на „швајцарскиот Македонец“, Александар Ристовски – „Кога се љуби“ (ВИДЕО)

Бившата ТВ водителка на „Бекстејџ“, Ева Јовановска во видеото на „швајцарскиот Македонец“, Александар Ристовски – „Кога се љуби“ (ВИДЕО)

Велешанецот Александар Ристовски, кој  живее и работи во Швајцарија покажа дека умее да создава и убави македонски песни. Александар кој зад себе веќе има неколку песни е автор и на неговата најнова, насловена „Кога се љуби“.

Далеку од дома,  илјадници километри одалечен од родното огниште, заминат на печалба за подобар живот, овој Македонец иако веќе неколку години престојува во богатата алпската земја, не си ја заборавил родната грутка -Македонија.

Тој паралелно со останатата работа во Швајцарија се занимава и со музика и тоа афирмирање на македонката песна, а од родната Македонија е и целиот тим кој ја потпишува за песната, покрај него како автор.

Пејачот ја компонирал музиката и направил аранжманот, а за текстот се погрижил нашиот еминентен текстописец Огнен Неделковски.

За песната е снимен и видеозапис кој го потпишува талентираниот македонскиот режисер, охриѓанецот Даниел Јовески, а кадрите од видеото се снимени во Швајцарија.

Во спотот на песната се појавува убавата и шармантна  тетовка, доскорешната ТВ водителка на „Бекстејџ“, балерина, инфлуенсерка и модел Ева Јовановска, која фантастично ја одиграла својата актерска улога во видеото, во кое заедно со пејачот има забележителна ролја.

Видеото и оваа убава весела песна во латино стил со фолк елементи проследете ги во продолжение.

To top