Радио Милева

Бивашата на Аца Лукас, Соња Вуксановиќ имала сообраќајна несреќа

Бивашата на Аца Лукас, Соња Вуксановиќ имала сообраќајна несреќа

Поранешната сопруга на Аца Лукас, Соња Вуксановиќ имаше сообраќајна несреќа во Белград, во населбата Бежаниска коса, пишува Информер.

Автомобил удрил во Соња, а возачот побегнал од местото на несреќата. Полицијата 24 часа го барала возачот кој бил пронајден во петок во попладневните часови.

Имено, Соња го возела својот џип кога одеднаш во неа удрил друг автомобил.

„Од силниот удар, Соња се здоби со повреда на вратот, но за среќа не беше животно загрозена“ вели добро известен извор.

фото: инстаграм

„Додека таа излегуваше од автомобилот, возачот кој ја удари избега од местото на несреќата. Таа веднаш се јави во полиција. Очевидец на несреќата ги запишал табличките на автомобилот, па полицијата таа го најде човекот кој ја удри Вуксановиќ“ вели изворот и додава дека Соња била однесена во болница.

фото: инстаграм

„Штетата е околу 3000 евра, а може  и повеќе. Соња по ударите се жалеше на болка во вратот, па замина во болница каде што и беше констатирана повреда, па и беше ставена крагна. По три дена и ја отстранија крагната, имаше среќа што немаше сериозни повреди. Да возеше некој послаб автомобил, многу повеќе ќе се повредше“ тврди изворот.

Осигурувањето ќе ги покрие трошоците за оштетениот автомобил, но Вукасановиќ одлучила да го продаде, пишува „Информер“.

To top