Мегафон новогодишен концерт

Битолскиот камерен оркестар ја заокружува годината со „Дамска симфонија“ (Ladies’ Symphony)

Битолскиот камерен оркестар ја заокружува годината со „Дамска симфонија“ (Ladies’ Symphony)

Битолскиот камерен оркестар ќе ја заокружи оваа мошне успешна година со новогодишен концерт, кој ќе се одржи на 30 декември во неговата матична установа, Центарот за култура – Битола. Станува збор за збогатена варијанта на октомврискиот концерт „Дамска симфонија“ (Ladies’ Symphony), во чии рамки настапија Наде Талевска, Калина Велковска и Ирена Димовска.

Овој пат, повторно ќе настапат веќе редовните соработнички Наде и Ирена, а за првпат ќе им се придружат сограѓанките Марија Груевска и Ана Гаштарова, како и Лена Заткоска.

25550489_1119787974790203_3424502618128583580_nНа концертот ќе бидат изведени хитови од едни од најпопуларните музички дами на светската сцена, како што се Ејми Вајнхаус, Алиша Киз, Емели Санде и Ријана, а влезниците ќе бидат пуштени во продажба на 24 декември, во билетарницата на Центарот за култура – Битола.

To top