Битолскиот камерен оркестар го носи „Бродвеј во Битола“

16 Апр , 2018 Мегафон

Битолскиот камерен оркестар го носи „Бродвеј во Битола“

Откако ја започна годината со одличната „Џон Вилијамс симфонија“, која беше претставена пред битолската и скопската публика, Камерниот оркестар од Битола најави уште еден музички спектакл за своите сограѓани. Станува збор за концертот насловен „Бродвеј во Битола“, кој ќе се одржи на 22 април во Центарот за култура – Битола, а заедно со оркестарот ќе настапат солистите Наде Талевска, Елена Петреска, Марија Груевска, Ана Гаштарова и Игор Узунов. 

На програмата ќе се најдат теми од познатите бродвејски мјузикли како што се: „Коса“, „Мулен руж“, „Кабаре“, „Приказна од западната страна“, „Фантомот од операта“, „Убавицата и ѕверот“, „Девојки од соништата“ и многу други.Концертот кој е под покровителство на Министерството за култура, ќе биде збогатен и со изведби на танцовиот спортски клуб „Степ ап“.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во среда, 18 април, во билетарницата на Центарот за култура – Битола.

, , ,


Comments are closed.