Радио Милева уникатна

Битолчанката Марија Груевска со уште еден стајлинг ги собра сите погледи во емисија на „Гранд“ (фото)

Битолчанката Марија Груевска со уште еден стајлинг ги собра сите погледи во емисија на „Гранд“ (фото)

Марија Груевска, пејачката по потекло од Битола, иако пред да се појави во „Ѕвездите на Гранд“ ја имаше и во македонски музички и реално шоу, а настапуваше и на „Макфест“, најголемото внимание го собра од сцената на „Гранд“.

Марија доста е активна на социјалните мрежи. Неодамна објави дел од снимањата во „Ѕвездите на Гранд“ , а нејзиниот перформанс го пофали и Јелена Карлеуша.

Ова ретко се случува: Јелена Карлеуша јавно и поласка на Марија Груевска во „Ѕвездите на Гранд“ – Вистина.мк (vistina.com.mk)

Емисијата во која настапува Марија се уште не се емитуваше на телевизија, но сигурно тоа ќе биде наскоро и таа ќе обзнани на социјалните мрежи.

фото: инстаграм/марија груевска

Деновиве, се снимаше емисијата „Гранд специјал“ каде што Марија беше гостинка и овој пат со стајлингот ги собра сите погледи.

Таа на својот „Фесјбук“ објави фотографија од студиото. За ова прилика таа се одлучи за црна комбинација односно црно здолниште и корсет кои одлично и стојат на нејзината витка линија и ги истакна атрибутите.

фото: инстаграм/марија груевска

Нејзините фанови, следбеници, ја опсипаа со коментари под објавата на фотографијата.Како Марија ќе се претстави во следниот круг останува да видиме.

To top