Живот и Стил

Бикини за на плажа или за во спална?

Бикини за на плажа или за во спална?

Дали би имале храброст да прошетате во него? Мислењата на оние кои што го виделе се поделени.

Денес костимите за капење сè повеќе изгледаат како долна облека, што го докажала и Хали Бери.

Имено, 54-годишната актерка на својот Инстаграм профил објавила краткометражно видео во кое што носи црно бикини кое што личи на чипкаста долна облека.

Според извештаите од фирмата која што стои зад овој бренд, таквите костими за капење веќе се распродадени, пренесува „The Sun“, но многумина се согласни дека тие се повеќе наменети за во спална соба отколку за на плажа.

 

View this post on Instagram

 

Leo Season in full effect ?✨ #BirthdayWeekendVibin

A post shared by Halle Berry (@halleberry) on

„Госпоѓице Бери, госпоѓице Бери, госпоѓице Бери“ – ѝ напишал Лени Кравиц.

„Штотуку се онесвестив“ – додала некоја корисничка на социјалните мрежи.

„Мојата вилица штотуку го допре подот“ – изјавил трет корисник.

Што мислите вие? Дали би имале храброст да прошетате во вакво бикини?

извор:точка.ком.мк

To top