Живот и Стил

Бикини за 18+ е најновиот моден тренд: Градите едвај се покриени со тенка лента

Бикини за 18+ е најновиот моден тренд: Градите едвај се покриени со тенка лента

Дали и вие би облекле нешто вакво за на плажа? Адриана Дегреа, бразилската дизајнерка го разбранува модниот свет вадејќи ја модната линија за бикини која е создадена само за светот на возрасните. Оваа креација се истакнува со тенката црна лента која ги покрива градите.

Дрските модни трендови ова лето ги освојуваат сите, а инфлуенсерите само чекаат можност да го купат следниот и да го испромовираат.

Адриана Дегреа е креаторка која ги лансираше бикините чиј горен дел е во облик на проѕирен топ кој само по средината, дрско, има темна лента – толку тенка што одвај ги покрива брадавиците.

Целиот впечаток е дека се работи за принудна цензура која ја наметнува општеството инаку градите целосно би се гледале.

Адриана Дегреа вели дека овие бикини се “ода на тропскиот надреализам“ и дека тие се нејзиното вистинско уметничко дело.

Интересно е тоа што производот се продава со името топ бикини со акрилни детали.

Компанијата која стои зад ова произведување кон него се однесува како да е комплетен производ кој ќе ги провоцира луѓето.

Во секој случај, дамата која се одлучила да го носи ова парче на плажа ќе биде прогласена за една од “похрабрите“ дами за ова лето.

Неа очигледно нема да ѝ пречи што нејзините гради ќе привлечат внимание кај луѓето кои ја гледаат на плажа, особено оние од машкиот пол.

Инфлуенсерката Камила Гупер е една од првите дами која одлучила на социјалните мрежи да покаже како ѝ стои најновиот модел на бикини.

Позирала покрај базен и ја разбудила фантазијата на милиони луѓе кои ја следат на социјалната мрежа.

Мора да признаеме дека кога дамите се фотографираат од далечина, целиот впечаток е дека ја обработиле фотографијата така што ги цензурирале своите гради.

извор:точка.ком.мк/инстаграм

To top