Бикинито името го добило по остров во Тихи океан, а денес е нераскинлив дел од дамите за време на одморите.
Современото бикини, женски дводелен костим за капење, настанало во Франција, а за тоа е заслужен Луј Реар кој на почетокот на јули 1946 година, на модната ревија во Париз првпат го прикажал тој изум – бикини.
Најмалото бикини на Реар во тоа време бил светски скандал за кој пишувале весниците.
Во Европа било забрането, поради тоа што Ватикан како и владите на Италија, Шпанија и Белгија го прогласиле за непримерно. Исто така, иако било по потекло од Франција, ниту таму не било одобрено.
Иако настанало во 1946 година, бикинито не било многу популарно сè до 1953 година.
Имено, кога актерката Брижид Бардо првпат во јавноста носела бикини, тоа станало задолжителен дел од секоја жена во текот на летото и одморите.
Го обожуваат и манекенките, а во продолжение погледнете како го носат тие:
Адријана Лима
Алесандра Амбросио
Ешли Греам
Жизел Бундшен
Емили Ратајковски
Бела Хадид
извор: точка.мк