Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина се венчаа на 30 август годинава и редовно покажуваат колку се сакаат и колку си значат.
Овој пат Катарина реши да му изрази љубов на својот сопруг и му се обрати со емотивни зборови.
Каќа објави фотографии од нивната венчавка, а во описот го напиша текстот на песната на Петар Граш „Је л’ ти река’ ко?“:
– Дека би умрела за тебе без око да ми трепне и повторно да се родам само за да те запознаам… – напишала Катарина, која можеби сакала на сопругот да ја честита годишнината од врската. .
View this post on Instagram
Тие се забавувале кога биле многу млади, а потоа повторно ја обновиле врската. Двајца имаат и среќен број кој Катарина го има на својот кориснички профил на Инстаграм и кој и двајцата го истетовирале. Таа еднаш откри што значи тој број:
– Таа вечер, кога седевме со сестра ми, тој неколку пати се наведна кон мене, ми се насмевна и тоа беше тоа. Дарко возеше мотор и првиот пат ме однесе на возење – возеше 24 км/ч. Оттогаш тој број не следи цело време.
– Нашиот стан е број 24, јас сум „катариналазик24“ на Инстаграм, и двајцата го имаме истетовирано тој број… – открила Лазиќ.
Фото: Принтскрин/Instagram/katarinalazic_24