Актерот Саша Јоксимовиќ со следбениците на Инстаграм сподели дека се разведува од сопругата Невена по повеќе од 20 години брак. Оваа вест изненади многумина, со оглед на тоа што пред само неколку месеци, во март годинава, зборуваше за нивниот брак и љубов.
Актерот тогаш изјави дека успеваат да ги избалансираат сите обврски и да се посветат на семејството.
„Мојата партнерка ми е одлична, таа е продуцент, има свои пријатели, излегува со другарките и јас немам проблем со тоа. Претставата ја правевме заедно и таа беше дел, на работа сме многу добри соработници, а дома сме маж и жена“, изјави тогаш Саша Јоксимовиќ за Нова.рс, а потоа додаде:
„Ако сте решиле да бидете во брак со таа личност, простете сè. Значи има жолти и црвени картони, секогаш давајте жолт. Не би простил насилство, но неверство да “. Потоа спомна дека не знаел дали некогаш бил изневерен.
„Не знам, можеби сум“, рече Саша Јоксимовиќ, а истиот одговор го даде и на прашањето дали некогаш и тој некого изневерил.
Братот на пејачот Жељко Јоксимовиќ сега стави точка на бракот со Невена, а за тоа ги извести своите следбеници на неговиот Инстаграм профил:
– Ги известувам сите, јас и Невена повеќе не сме заедно. Секој со свои афинитети и доста е. Биди му најдобра мама на нашиот Илија, а и јас нема да бидам лош татко. Без коментар – напиша актерот.
Фото: Принтскрин/Инстаграм