Живот и Стил

Без штетни состојки: Домашен шампон за суво миење коса

Без штетни состојки: Домашен шампон за суво миење коса

Шампонот за суво миење на косата, е вистински спас во последен момент. Ако се уште не сте го пробале, време е да заштедите време и наместо да станувате половина час пред работа, потрошете само 5 минути за да имате свежа и миризлива коса. Сами направете шампон за суво миење на косата во вид на спреј.

Состојки:

1 лажица пченкарно брашно
4 лажици вода
1 лажица медицински алкохол
1 мал сад
1 спреј шише
неколку капки етерично масло од лаванда, нане или ванила

Подготовка:

Ставете ги состојки во садот и измешајте ги добро, додека да добиете млечно бела течност, без грутки.

Истурете ја течноста во спреј шише.

Пред употреба шишето протресете го добро и испрскајте го коренот на косата, само колку да се натопи, па расчешлајте ја косата.

Со фен исушете ја косата , а ако не сте во брзање, можете да ја оставите сама да се исуши.

Алкохолот и водата ќе испарат, а брашното ќе ја апсорбира маснотијата од коренот на косата.

извор:попара.мк

To top