Прекрасно уредениот простор во кој се чувствувате удобно и задоволни е извор на добра енергија, па затоа е важно секогаш да внесувате некои новитети во внатрешноста за да го задржите чувството на удобност што можеме да го имаме само во нашиот дом.
Постојат неколку трикови кои целосно ќе го збогатат просторот:
1. Најдете ново место за маса / фотелја / комода
Понекогаш е доволна само мала промена за да се направи толку многу. Едноставно направете си мал аранжман и ќе добиете нова соба без никаква инвестиција. Сигурно имате фотелја која ве нервира бидејќи стои на тоа место, обидете се да ги замените местата со некое друго парче мебел и ќе ја видите разликата.
2. Додадете црно или бело
Црното и белото имаат поголема моќ од сите други, бидејќи даваат нота на софистицираност. Значи, набавете црна рамка или едноставна слика со црно-бели тонови и веќе ќе имате искуство на голема промена. Доколку сте талентирани, можете сами да насликате нешто и да оставите личен белег во вашиот дом.
3. Вратете го стариот мебел
Сите имаме стара маса или полица во подрумот што собира прашина со години. „Активирајте“ ги вашите антиквитети и прекријте ги со модерни бои. Најдобриот ефект ќе го постигнете со префарбување на старо парче мебел и користење како полица за цвеќиња и книги.
Пуштете ја вашата фантазија, можете да правите се што можете да замислите и нема да погрешите кога станува збор за мебелот. Секоја промена е добра и пожелна, а старата маса секогаш можете да ја вратите во подрумот и да смислите нова идеја.
Извор: попара.мк