Ако размислувате со што да се почестите по напорен ден на работа, имаме идеја.
Овие домашни крофни имаат вкус исто како оние од пекарницата, а одличната работа е што можете да ги направите дома за само 15 минути.
Една мерка ќе направи 35 крофни, па размислете веднаш да направите двојна мерка.
Состојки:
1 1/4 чаши брашно
2 лажички прашок за пециво
1/4 лажичка сол
1/2 чаша матеница
1/4 чаша шеќер
3 лажици стопен путер
3-4 чаши масло за пржење
Подготовка:
Во средна чинија измешајте ги сувите состојки: брашното, шеќерот, прашокот за пециво и солта.
Посебно изматете ги матеницата и стопениот путер.
Во садот со сувите состојки истурете ја смесата со матеницата и путерот и измешајте додека не се соединат.
Кога ќе го измесите тестото, крофните треба да бидат колку 1/2 лажица. Од тестото што сте го извадиле направете топка, па ставете ја да се пржи.
Пржете ги на врело масло додека не поруменат, па превртете ги и повторно пржете ги додека не поруменат од другата страна.
Ставете ги на салфетка за да се впијат маснотиите, а потоа валкајте ги во шеќер.
Извор: Курир.мк