Подготовката е многу едноставна, дури и за почетници. Нема ништо поубаво од топла домашна погача, свежо излезена од рерна.
Ви предлагаме едноставна и супер вкусна погача со сирење. Дури и почетниците нема да имаат проблеми со подготовката. Пробајте и сигурни сме дека ќе ја правите често!
Состојки:
4 јајца
300 грама брашно
1 прашок за пециво, сол
70 мл масло
250 гр сирење
200 гр кисело млеко
Подготовка:
Се матат јајцата, се додава просеаното брашно со прашокот за пециво, солта, маслото, сирењето и киселото млеко. Добро соединете. Обложете ја тавата со хартија за печење, истурете ја смесата и израмнете.
Се пече на 200 степени околу 50 минути. Погледнете го упатството за подготовка чекор-по-чекор: