Живот и Стил

Без глутен: Рецепт за какао коцки готови за 15 минути

Без глутен: Рецепт за какао коцки готови за 15 минути

Доколку сакате да се засладите со нешто здраво, но немате премногу време за подготовка, овие извонредни коцки брауни се вистинското решение. Не се печени, не содржат глутен, а погодни се и за вегани.

Состојки за приближно 15 коцки:

300 гр урми без семки
300 гр ореви
9 лажици какао во прав
2 лажици екстракт од ванила
50 мл јаворов сируп или мед
2 лажици кокосово масло
2 лажици вода
прстофат сол

Подготовка:

Урмите и оревите сомелете ги во блендер, додадете шест лажици какао, една и пол лажица екстракт од ванила, две лажици вода и малку сол. Блендирајте ја смесата додека не почнат да се одвојуваат од страните на блендерот. Потоа ставете ја смесата во калапот.

Во сад измешајте го преостанатиот екстракт од какао и ванила со две лажици кокосово масло и јаворов сируп. Добро измешајте додека не исчезнат сите грутки, па прелијте го врз колачот. Оставете го да се излади околу два часа пред да го послужите. По желба украсете со овошје и сечкани ореви, лешници или бадеми.

Добар апетит!

To top