Радио Милева музичка војна

„Бев морално и материјално измамена“: Ивана Селаков во „војна“ со Аца Лукас поради новата дуетска песна

„Бев морално и материјално измамена“: Ивана Селаков во „војна“ со Аца Лукас поради новата дуетска песна

Ивана Селаков и Аца Лукас се скараа само еден ден по објавувањето на нивната песна „Сватови“.

Имено, Аца и Ивана вчера ја објавија својата дуетска песна, а сега ја избршаа од „Јутуб“

Пејачката се огласи на својот „Инстаграм“ и откри што се случило.

„Сите кои ја следите мојата работа знаете колку труд и енергија вложувам во секоја песна и колку се трудам да ви го дадам најдоброто на вас како публика. За жал, вчера бев измамена како пејач морално и материјално од страна на соработникот на дуетото за песната „Сватови“. Целата идеја за проектот беше моја, како и правото за вложениот труд околу реализација на песната и правото на авторот за нова верзија. Поради голема непрофесионалност од другата страна, спотот се повлекува од Јутуб и наскоро ќе ви дадам нова верзија на ова песна. Ви благодарам што сте со мене сите овие години. Ве сака Ивана“, напиша пејачката на својата објава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivana Selakov (@selakov)

 

 

фото: рајко ристиќ/ивана селаков/рас србија

To top