Со големо нетрпение се чекаше доаѓањето на Антонела Рокузо и Лионел Меси на доделувањето на наградите на ФИФА во Париз.
Кодексот на облекување на церемонијата беше црн, а Антонела изгледала одлично во едноставен долг црн фустан со шлиц, а вамп ефект постигна со црвен кармин. Таа донела и интересен модел на чанта што одлично се совпаѓа со бојата на розите, а дизајнот имитирал изглед на раскошен цвет.
Многу популарни се чантите во оваа боја, покрај овие цветни модели се носат и оние во облик на срце.
View this post on Instagram
Светските медиуми пишуваат дека елегантниот фустан на Антонела е со вредност од 12.570 евра, додека нејзината чанта е вредна 4.950 евра.
Меси ѝ парираше во црн елегантен костум. Кога станува збор за неговиот стил, блескавите детали се неизбежни.
View this post on Instagram
За славната двојка ова беше прослава на вечерта бидејќи Аргентинецот беше прогласен за најдобар светски фудбалер во изборот на Светската фудбалска федерација (ФИФА).
фото:Инстаграм принтскрин