Пејачката Алка Вуица честопати била предмет на бројни шпекулации, а многумина ги изненади признавајќи дека била со оженет фудбалер.
Нејзина прва љубов бил тапанарот на групата „Сребрени крилја“ – Ади Караселимовиќ. Тогаш имала 18 години и го запознала во клубот „Сцена“, а нивните емоции веднаш се распламтиле.
Тој бил нејзината прва голема љубов и таа врска траела околу 4 години.
Откако раскинале, Алка ги запознава Горан Бреговиќ и Бајага. Медиумите шпекулираа дека обајцата биле нејзини љубовници. Бајага и посветил дури и две свои песни: „Зашмури“ и „Са друге стране јастука“. Медиумите шпостојано шпекулираа за нејзините забранети љубови во животот.
Се пишуваше за нејзината романса со зафатен политичар, за потоа Алка сите да ги изненади признавајќи дека таа и тогаш оженетиот познат хрватски фудбалер Игор Штимац биле во врска.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/alka-vuica-na-58-godini-pokaza-kako-izgleda-vo-bikini-a-potoa-se-sobleche-i-gola-foto/
„За жал, јас бев и љубовница. И мислам дека тоа е понижувачко за една жена и би им препорачала на сите да не влегуваат во ваква врска. Мислите дека можете да излезете од неа недопрено, но не можете. Ниту една нормална личност не може да се согласи да биде онаа, втората. И всушност е страшно како оние женети мажи кои заведуваат, секогаш ја имаат таа своја божем тажна брачна приказна“ – ќе изјави Алка еднаш за „Слободна Далмација“.
фото: Инстаграм принтскрин