Радио Милева постојано на пат

Беше највпечатливата Македонка во „Ѕвездите на Гранд“: Еве што прави и каде е денес битолчанката Марија Груевска (фото)

Беше највпечатливата Македонка во „Ѕвездите на Гранд“: Еве што прави и каде е денес битолчанката Марија Груевска (фото)

Во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ досега поминале многу македонски кандидати, но ако треба да издвоиме еден повпечатлив, а не е победникот Ристе Ристески, тогаш тоа е битолчанката Марија Груевска.

Обично по завршувањето на шоуто, еуфоријата спласнува, некои имиња одат во заборав, а други кои работат на кариерата и остануваат во кругот на актуелноста.

фото: инстаграм/марија груевска

Марија ја запознавме како одлична пејачка, екстравагантна музичка Гранд учесничка и потенцијална музичка ѕвезда.

Таа ја навикна јавноста на необични изненандувања, па така покрај шокантниот стајлинг на настапите, имаше и одлични вокални интерпретации.

фото: инстаграм/марија груевска

Изминатото лето Марија се омажи за своето момче Синиша Стојаноски, а на веселбата присуствуваа околу 600 гости.

Денес актактивната битолчанка не ја заборавила музиката и настапите.

Иако се почесто е во Германија, дали по свои обврски или за оние на саканиот, не знаеме, но она што е видливо од нејзните профили на социјалните мрежи, е дека таа постојано е на релација Македонија- Германија.

Измеѓу, не се заобиколени ниту настапите за да остане во музичка кондиција и да не ја заборави публиката.

Кога пак имиџот е во прашање, таа е вистински моден камелеон и се уште знае да изненадува кога е изгледот во прашање. Русокоса, црвенокоса и се така во круг.

Марија е девојка на изненадувањата, а што ли може да се очекува од неа, знае само таа самата во својата агенда.

фото:Инстаграм принтскрин/ѕвездите на гранд/марија груевска

To top