Радио Милева се враќа

Беше миленик на Карлеуша, победи во „Ѕвездите на Гранд“, растури во регионот, па се повлече од јавноста: Ристе Ристески по подолга пауза се враќа на својата „стара љубов“

Беше миленик на Карлеуша, победи во „Ѕвездите на Гранд“, растури во регионот, па се повлече од јавноста: Ристе Ристески по подолга пауза се враќа на својата „стара љубов“

Тој важеше за еден од најдобрите и најхаризматичните македонски кандидати во  „Ѕвездите на Гранд“.

Ристе Ристески досега е единствениот македонски кандидат кој победи во популарното музичко. Имено, тој учествуваше две сезони, во едната испадна, но во 2017 година се врати на сцената на „Гранд“ и го освои првото место.

Тој беше еден и од омилените кандидати на Јелена Карлеуша која неколку пати истакна дека младиот охриѓанец е многу секси и многу харизматичен.

По победата, Ристе имаше полна агенда на настапи, како во Македонија така и во Србија, сними и неколку нови песни кои наидоа на позитивни коментари од публиката.

Пред повеќе од две години тој се пресели во Белград бидејќи му беше полесно за музичката кариера, за настапите, за гостувањата по телевизиите.

Скромно и без многу детали: Ѕирнете во изнајмениот стан на Ристе Ристески во Белград (фото)

Ристески има профили на социјалните мрежи, така тој редовно објавуваше фотографии од неговите активности. Меѓутоа, во последно време и откако фати пандемијата со коронавирусот,  како и повеќето негови колеги, Ристе немаше концерти, ниту пак работеше на нови проекти.

Исто така, не беше и толку активен на социјалните мрежи. Одвреме – навреме знаеше да објави по некоја фотографија и да покаже како го поминува времето и најчесто беше или во Охрид или во Белград.

Меѓутоа, Ристески сега има убави вести за неговите фанови, обожаватели. Имено, тој по подолга пауза се враќа на својата стара љубов – музиката.

На „Инстаграм стори“ тој истакна дека се враќа на настапите и дека подготвува нови проекти.

-Очекувајте нови возбудливи проекти и песни од мене, а наскоро и цела агенда во која ќе бидат објавени настапи и дружења со фанови низ цела Македонија и ширум Балканот“, изјави Ристе.

Што подготвува Македонецот останува да видиме.

фото: принтскрин/инстаграм/ристе ристески/србија данас

To top