Во „Ѕвездите на Гранд“ вечерва за прв пат настапи Алино Јухарт од Словенија.
Откако водителката го најави, многумина се изненадија кога на сцената излезе дама во црн фустан и ги отпеа песните „Паметна и луда“ од Марија Шерифовиќ, како и „Лажу те“ од Амадеус бенд.
Стана јасно дека се работи за трансродова личност, а Алино рече дека сака да го викаат Алина и дека е пејачка. Со насмевка на лицето, Алина рече дека и е драго што е на оваа сцена, и дека е таму да ги охрабри „сите жени и сите оние кои се различни“.
„Мислам дека Србија и целиот регион едноставно треба да се запознаат со жена како мене. Јас сум само нормален човек кој сака да сака и да биде сакан и да биде среќен како и сите други. Сакам да го инспирирам секој човек да го живее својот живот и својата животна вистина“, изјави Алина.
Нејзиниот емотивен говор секако ќе остане запаметен, а таа гордо додаде дека нејзиниот прекар е „Кралица“.
Фото:Принтскрин/Тв Пинк