Живот и Стил

Бело „болоњезе“: Рецепт за кремасти тестенини на кои лесно ќе се навлечете

Бело „болоњезе“: Рецепт за кремасти тестенини на кои лесно ќе се навлечете

Ако ви здосади класично болоњезе, пробајте бело рагу и послужете го со широки тестенини. По желба заменете ги колбасите со печурки, а слободно додадете и листови жалфија.

Состојки:

250 гр таљатели
250 гр мелено говедско месо
150 гр свеж колбас
100 гр сланина
60 гр целер
60 гр моркови
60 гр кромид
1 чешне лук
60 мл суво бело вино
1 коцка путер
маслиново масло
1 дл млеко
1 гранче рузмарин
2 ловорови листови
вода или булјон
пармезан
сол, бибер

Подготовка:

Во тава загрејте ги маслото и путерот и додадете го преполовеното чешне лук. Кога ќе добие боја додадете ги исечканите целер и морков, па кромидот. По десет минути додадете рузмарин и ловоров лист.

Исечкајте ја сланината и додадете ја во тавата со зеленчукот. Извадете го колбасот од обвивката, иситнете го со прстите и додадете го во тавата заедно со меленото месо.

Варете мешајќи неколку минути, а потоа отстранете го ловоровиот лист и лукот и прелијте ги со виното. Откако ќе испари алкохолот, истурете вода или супа за да го покрие месото и варете околу еден час. Кон крајот на готвењето додадете млеко.

Сварете ги тестенините и послужете ги со сосот. Обилно посипете со пармезан.

извор:kurir.mk

To top