Холивудскиот актер Крис Нот, попознат за јавноста како Ѕврката од „Сексот и градот“, доби син на 65-годишна возраст.
Сопругата на Крис, Тара Лин Вилсон (37) го роди нивниот втор син, по име Кит (Китс), по англискиот поет Џон Китс.
Актерот се пофали на Инстаграм објавувајќи фотографија од бебето.
– Директно од рајот, пристигна нашиот втор син Кит! – напиша актерот, а честитките постојано се редат за гордите мама и тато и поголемото братче.