Радио Милева

Бебе наместо развод: Бали Бег и Неџла го чекаат вториот наследник?!

Бебе наместо развод: Бали Бег и Неџла го чекаат вториот наследник?!

Омилената турска актерска двојка Бурак Озчивит и Фахрие Евчен веќе некое време се мета на озборувања, а постојани се шпекулациите за нивниот развод.

Сепак, судејќи според нивните социјални мрежи, двајцата се посреќни од кога било.

Бурак Озчивит и Фахрие Евген во април минатата година го добија синот Каран, а како што сега пишуваат турските медиуми, тој е причината за проблемите во нивниот брак. Популарната двојка има несогласувања кога станува збор за одгледување на синот.

Тие продолжија да објавуваат фотографии на профили, на кои изгледаат среќни, задоволни и за заљубени. Извор близок до парот им открил на медиумите дека ги решиле несогласувањата и решиле да се обидат повторно.

 

View this post on Instagram

 

Lütfen #EvdeKal 🙏🏻 Hayat eve sığar.. 🏡

A post shared by Fahriye Evcen Özçivit (@evcenf) on

„Тие сакаат да си дадат уште една шанса и ако не успеат, секој ќе тргне по својот пат“, рече изворот.

Сега, турските медиуми шират добра вест – Бурак Фахрие повторно ќе станат родители! Според пишувањата, актерката штотуку влезе во четвртиот месец од бременоста, а популарниот Бали бег беше воодушевен од среќната вест.

Бурак веќе неколку пати во медиумите изјави дека би сакал да има повеќе од едно дете, а особено би бил среќен да добие ќерка.

“Тој навистина сака да добие девојче која ќе биде негова мала принцеза. Но, секако, најважно за него е бебето да биде здраво и дека сè е во ред”, вели изворот.

To top