Пејачката Јелена Карлуша во септември 2004 година се омажи за бизнисменот Бојан Кариќ.
Меѓутоа, среќата не им траеше долго, па парот се разведе по три месеци од бракот.
Тогаш многумина коментираа дека таа се омажила за Бојан само од корист.
„Секој кој ме познава знае колку ми е навредливо да се поставува прашањето дали сум се омажила од љубов или не. Добив многу понижувања поради бракот со Бојан кој потекнува од богато семејство, изјави Јелена во една прилика.
Јелена денес е во брак со фудбалерот Душко Тошиќ со кој има две ќерки, а Бојан е оженет со Маша Кариќ со која има две близначки.
Еве како изгледа некогашниот сопруг на Јелена.