Пејачката Барбара Бобак пред неколку месеци раскина со Дарко Лазиќ, а сега некој очигледно многу ја изнервира, па на социјалната мрежа Инстаграм остави коментар во кој ги спомна и колегите и пријателите, но и поранешните партнери.
Сепак, како што веќе на сите им е јасно, таа е позната по остриот јазик, а овој пат ги исмеа своите соработници и сите оние кои, како што вели, присвојуваат.
– Од се повеќе страни слушам дека сум имала наставници што ме направиле – напишала таа и ставила емотикон од смешковци што плачат од смеење, а потоа додала:
-Тука сум, драги мои, да зборуваме за работи за кои никој не зборува. Не дозволувајте никој да го присвојува вашиот напор и труд! Пијавици и паразити – Стоп.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Барбара Бобак