Омилено задоволство од детството
Состојки:
– 1-2 банани
– сладолед по избор
– шлаг
– прелив (чоколаден, овошен, карамела) по избор
Подготовка:
Излупете ги бананите и пресечете ги на половина по должина. Ставете ги во чинијата по една половина од секоја страна, за да има место во средината, каде што ќе ги ставите топчињата сладолед по избор. Украсете со шлаг и прелив.
Уживајте!
Извор: Курир