Живот и Стил

Балетско студио „Реверанс“ порачува: Oвозможeте им здрав и правилен развој на децата преку танц

Балетско студио „Реверанс“ порачува: Oвозможeте им здрав и правилен развој на децата преку танц

Физичката активност кај децата е клучна во нивниот физички развоj, а кога истата е пропратена со забава, игра, едукација… задоволна е детската желба, но и онаа на родителите.

Балетското студио „Реверанс“ основано во 2011 година со локација во општина Аеродром има за главна цел низ танцот да се овозможи здрав и правилен развој на децата, што е еден од основните мотиви на родителите.

Поттикната од оваа идеја со 25 годишо искуство како професионална балерина во МОБ, со завршено академија за балетски профессор, репетитор и педагог при ФМУ, Катерина Стевковска го започнува овој предизвик со дечињата и вели:

Балетот е моја професија. Со него растев, созревав како личост и добро ми се познати сите убавини и предизвици кои во себе ги носи сцената. Токму затоа во годинитe на својата професионална зрелост најдов уште еден прекрасен предизвик – да ги пренесам тајните на балетската уметност на младите таленти, ја раскажува својата приказна Катерина.

Името на балетското студио „Реверанс“ не случајно е ставено. Тоа е француски израз, а според балетската терминологија значи поклонување пред публика, што е суштински дел од балетот и музиката.

Програмата е дизајнирана да ги мотивира и поттикне децата од сите возрасти со различни нивоа на способност да ја засакаат музиката, танцот и креативниот начин на живот, а зацртаните цели ги спроведуваат дипломирани балерини едуцирани за работа со деца и тоа во три групи.

Најмалата група од 3,5 години до 6 годишна возраст и се подредени по 14 деца во група според возраста. Часовите поттикнуваат учество, фокусирање, развој на самодоверба и подготовка за основите на балетот. Се разбира сето тоа низ игра.

Средната група наменета за дечиња меѓу 6 годишна до 9 годишна возраст пак служи за да ги развијат физичките способности, издржливост, креативнност, музикалноста на различни музички стилови.

Наставната програма за голема група која е наменета за деца од 9 годишна возраст па нагоре, обезбедува широка едукација и прогресивен развој на технички, музички и перформативни вештини.

Класичниот балет не е основата на ова современо и професионално балетско студио. Па така во програмата покрај класичниот, кој е основа за сите понатамошни танци, вклучува модерни танци, хип хоп, зумба и џез.

„Реверанс“ во својата програма опфаќа јавни часови за родителите да видат и запознаат одблиску од какво значение е балетот за развој на своите најмили дециња. Потоа имаме јавни настапи каде вклучува настап на телвизија, еден нов момент на балеринките да танцувааат пред камера и секако следи на крајот на учебната година – завршен балетски концерт каде што секоја година има различно сценарио, тема на претставување од изученото, бидејќи изведбата пред публика на вистинска сцена е суштинскиот дел на балетот. Затоа што нивниот перформанс останува засекогаш запаметен како големо искуство и континуиран поттик и мотивација за работа, вели балетската професорка.

Оваа година по голем интерес на девојките над 18 годишна возраст па натака формирани се групи кои балетот го посакуваат за рекретивен спорт од кои би имале голем бенефит за целокупното здравје.

Нашите прорами и мултидисциплинираниот метод на работа поттикнува низа елементи важни за развој на децата и возрасните. Психички развој: самодоверба, креативност, социјалност, одговорност, самосвест и концентрација, ментална флексибилност. Физички развој: моторика, рамнотежа, чувство за ритам, правилен развој на мускулатурата, исправување на екстремитетите, телесна флексибилност и додава дека најважен не е талентот, туку упорноста и посветеноста кои вродуваат резултати. Но,  ако во некоја од помалите групи наидеме на талент може да се префрли во група со поголеми дечиња.

Од моето долгогодишно искуство како балерина, а сега и како балетски професор, мислам дека главниот начин на едукација треба да се базира на мотивација, бидејќи таа е еден од најважните сегменти кај децата. Се  надевам дека некои од најголемите идни балерини на овие простори, а кои веќе ги пративме на усовршување во нижото балетско училиште, првите балетски чекорчиња ги направија токму во нашето училиште и нивната определба беше балетот, завршува Катерина.

Инаку, Балетското студио „Реверанс“ со огромно задоволство ве информира за новата балетска сезона 2018 -2019. Уписите се во тек!

Нас.Аеродром .Бул.Јане Сандански 116 – 5 / 4 локал
075-33 9003
071-560000

 

To top