Радио Милева среќна

Бакнеж во уста: Јелена Карлеуша ги „запали“ социјалните мрежи откако падна во прегратка на познатиот бугарски пејач (фото)

Бакнеж во уста: Јелена Карлеуша ги „запали“ социјалните мрежи откако падна во прегратка на познатиот бугарски пејач (фото)

Карлеуша објави фотографија на која се гледа како се бакнува со познат маж, а со тоа ја скокотна фантазијата на многумина.

Пејачката Јелена Карлеуша каде и да се појави привлекува внимание, а тоа беше случај и сега.

Карлеуша ги изненади сите свои следбеници на социјалната мрежа Инстаграм со новата објава каде се бакнува во уста со нејзиниот долгогодишен пријател, бугарскиот пејач Азис.

Васил Тројанов Бојанов, попознат по неговото уметничко име Азис, поп-фолк пејач и музичар, ја започна својата кариера во далечната 1999 година и за десет години стана исклучително популарен во родната Бугарија, но и на целиот Балкан.

Воодушевените следбеници веднаш почнаа да пишуваат позитивни коментари: „Тоа е тој натпревар“, „Две икони“, „Љубоморен сум“.

Јелена Карлеуша и Азис имале заеднички настап во Швајцарија, а пред настанот им позирале на фотографите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

– Среќна сум што те гледам брате мој, голема бугарска ѕвезда – напиша Јелена во рамката на објавата каде се бакнуваат и гушкаат.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Јелена Карлеуша

To top