„Невидливата шминка” беше трендот што го освои светот ова лето. Но, со промената на сезоната и гледајќи како сите останати трендови околу нас започнуваат да се прелеваат во тоновите на есента, подготвени сме да ги прифатиме истите промени и на полето на убавината и козметиката.
Оваа есен се чини дека топлата палета на земјени тонови ќе доминира во речиси сите аспекти од нашето живеење и естетски израз, а тој тренд ќе се одрази и преку шминката, особено бакарната сенка за очи која сè повеќе ја забележуваме на познатите лица.
Оваа богата боја која неодоливо потсетува на зајдисонце и паднати златни лисја има моќ да го претвори и наједноставниот изглед во елегантен и луксузен, и еднакво ја потенцира убавината на секоја боја на очи, коса и кожа. Наедно, додава и посебна топлина, особено потребна во овој преод кон студените месеци.
извор:точка.ком.мк