Пејачката Драгана Мирковиќ (51), на сите оние го го слават католички Божиќ им честиташе денес со фотографија на која позира покрај елката во нејзиниот прекрасен замок во Виена.
Драгана на својот Инстаграм откри како го украси семејниот дом за претстојните празници.
– Среќен Божиќ на сите што слават, и на сите убави луѓе, од срце, се најубаво, – напиша пејачката за фотографијата на која позира пред огромна новогодишна елка.
Драгана носи гламурозна тиркизна тоалета покрај огромната елка. Пејачката и нејзиното семејство ја украсија елката со украси во црвено-бело, а малку е да се каже дека сцената изгледа раскошно и шармантно.
На врвот на елката има фигура на Дедо Мраз, а под него бројни подароци.
Фолк sвездата ги слави новогодишните и божиќните празници во кругот на семејството, а повеќепати рече дека нејзиното семејство слави и православни и католички празници.