Живот и Стил

Бабини совети за полесно надминување на настинки и вируси

Бабини совети за полесно надминување на настинки и вируси

Бабите секогаш имаат решение за секој ваш проблем. Спасете се од досадниот вирус и настинки со помош на овие бабини совети.

1. Топла супа

Пилешка, говедска – каква што сакате, важно е само да не е ладна, бидејќи топлата и солена течност помага при рехидрација и при отстранување на секретот.

2. Мед

Кај бактериските инфекции тн. гнојни воспаленија на грлото ви е потребна помош од антибиотици, бидејќи медот нема толку силни антибактериски средства.

Меѓутоа, кај настинките и вирусите медот е ваш главен сојузник.

3. Солена вода

Грлото често ни се суши при настинките и затоа му треба дополнителна доза на хидратација, а најдобриот ефект ќе го постигнете со солената вода.

4. Подигната перница

Спиењето на ниска перница не е пријатно при настинката. Затоа потпрете ја главата со повисока перница и така ќе си го олесните дишењето.

извор:курир.мк

To top