Фолк пејачот Александар Вуксановиќ, попознат како Аца Лукас, има четири деца, но не може да сокрие дека неговата најмала ќерка Викторија е неговата сакана.
Лукас ја доби сега веќе десетгодишната Викторија од бракот со поранешната сопруга Соња Вуксановиќ.
– Таа е мојата најголема љубов на сите времиња. Ова е личноста која се појави и ми донесе еден вид љубов за која не знаев дека постои. Имам четири деца, ги сакам сите, но таа се појави во мојот живот кога не знаев дека тоа ми треба. Добив нов дел од животот. Кога гледам нешто на телевизија за односот татко и ќерка, плачам – искрено изјавил пејачот во емисијата „Премиер – викенд специјал“.
Да потсетиме, ќерката на Аца Лукас веќе го избра спортот кој го сака. Неодамна, таа поминува многу време на хиподромот, каде самоуверено јава коњи, па дури и прескокнува пречки.
Фото: Принтскрин/З.Илиќ/Рингиер