Аца Лукас јавно удри по пријателите на Џеј кои се појавија на премиерата на филмот „Недела“, велејќи дека дошле само да ја оживеат својата кариера.
Филмот „Недела“, кој раскажува за животот на легендарниот пејач Џеј Рамадановски, светлото на денот го здогледа на 16 јануари, кога беше премиерно прикажано споменатото уметничко остварување. На премиерата се појавија многу јавни личности, освен пејачот Аца Лукас, кој беше голем пријател на Џеј. Фолкерот сега објави стара фотографија со Рамадановски и откри зошто не се појавил на црвениот тепих. Тој исто така додаде дека никогаш нема да го гледа споменатиот филм.
„Јас го сакав Џеј искрено, до последниот момент од неговиот живот, па и денес и засекогаш. Бев со него до крај, бидејќи тој е всушност единствениот човек на оваа наша таканаречена тажна естрада кого го сакав и почитував. И сите го знаат тоа. И ако ме прашате зошто не се појавив на премиерата на филмот за Џеј, ќе ви кажам. Да, не се појавив, поточно не ни сакав да се појавам, а сега јавно кажувам дека сите знаат дека никогаш нема да го гледам филмот, токму од љубов и почит кон таа големина и тој човек кој толку многу го сакав. Затоа што кога ќе ја видите огромната листа на оние кои на овој или оној начин учествуваат во филмот и околу филмот, ќе ви кажам „да не претеруваме и да кажеме 100 проценти, но 99 проценти од нив се оние кои исклучиво ги користат неговата смрт и неговата несреќа. Сите што ја знаат и оваа наша таканаречена сиромашна естрада знаат за што зборувам“ – истакна Лукас.
Лукас потоа удри по луѓето кои се појавија на премиерата, велејќи дека дошле да ја оживеат својата кариера на сметка на неговото име.
„Во последните, па, можеби десет години од неговиот живот сите го плукаа, му се потсмеваа, па дури и го газеа, никој од нив не беше тука за него кога беше најтешко, а сега дојдоа да се прошетаат на црвениот тепих и пуштат лажни солзи, мислејќи дека тоа што му го направиле во текот на животот никој не го забележал или заборавил. Гледаш, јас не сум од нив. Дојдоа да ги вратат своите кариери кои долго време се во сериозен пад, во името на починатиот, дојдоа да зборуваат колку го сакаат, но никој не му помогна и не сакаше да му помогне кога беше најтешко. Освен неколку луѓе, чии имиња нема ни да ги спомнам, а ни тие не би сакале, затоа што вие помагате за да помогнете, а не за да знаат другите. Па, затоа не дојдов на премиерата, бидејќи навистина го сакав, почитував и ценев, бев со него до крај“.
Потоа Аца Лукас му се обрати на Џеј со емотивни зборови:
„Од сите лицемери, сечикеси и ѓубриња, без разлика дали се од забавна музика или од други сфери, можам да ги исклучам само неговите деца, неговата Андријана, неговиот Руле, јас и еден наш заеднички пријател, се вика Влада, а добро… познат бизнисмен кој секогаш беше тука кога требаше. Ова е тажната вистина на нашата мизерна средина и луѓето кои ве тапкаат по рамо и наводно ве сакаат. Драг мој Џони, ќе разбереш зошто не бев на таа премиера. Кон крајот ти реков да се вратиш, да снимиме нешто, ти дадов песна, се сеќавам, малку грубо ти кажав Џеки, нема да дојдам на твојот погреб, туку ќе дојдам на твојот нов концерт. За жал, тоа беше погреб. И секако дојдов, морав да те испратам за последен пат. Но, не можев да присуствувам на оваа парада на лицемерие и лажна љубов. И знам дека ќе ми простиш. Твојот Бушав те сака засекогаш“ – завршува пејачот.
Фото: Инстаграм/aleksandar_vuksanovic_official