Со сезоната на годишни одмори која веќе е во полн ек, размислуваме и за избор на идеален костим за капење за сите морски авантури.
Покрај плетената торба во која ќе ја ставиме омилената книга, кремите за заштита од сонце и термосот со вода, за совршениот ден на плажа нѝ е потребен и женствен модел на костим за капење.
Со шарената понуда во продавниците, никогаш не било полесно да се пронајде фаворитот – линии, точки, модели со висок струк, класичен црн костим… се само некои од актуелните тренди модели, а сè поголемо внимание добиваат и асиметричните костими за капење.
Инспириран од 70-тите, овој женствен тренд кој суптилно открива еден дел од телото, прекрасно прилега на баш секоја фигура. Тој на класичните силути им дава “стејтмент” призвук, а бидејќи изгледа како боди, одличен е и за носење надвор од плажа. Освен како едноделен, достапен е и како дводелен костим за капење, како и во еднобојна варијанта, изработен од металик материјал…
Асиметричните костими за капење се популарен летен тренд, а ова се омилените модели на блогерките и познатите дами.
View this post on Instagram
My 24/7 mood in Australia looks like this! ??? @revolve #revolvearoundtheworld
извор: точка.мк