Радио Милева
не трпи чалам

Апсолутна рекордерка која зад себе има 12 бракови: Маја Оџаклиевска се раздели од секој сопруг само поради една работа (фото)

Апсолутна рекордерка која зад себе има 12 бракови: Маја Оџаклиевска се раздели од секој сопруг само поради една работа (фото)

Маја Оџаклиевска е македонска пејачка на забавна музика која долги години живее и работи во Белград, Србија.

Позната по својот раскошен вокал, но и по бурниот приватен живот, иако медиумите само делумно пишуваа за нејзинат интима.

Многу познати личности ставија точка на долгогодишните врски и бракови, но убедлива кралица на разводите и рекордерка е пејачката Маја Оџаклиевска.

Она што е познато е дека пејачката се разведувала дури 12 пати, а причините кои и претходеле на таа одлука секој пат биле ако не исти тогаш речиси слични.

„Имав дванаесет таканаречени бракови. Кога ќе дојде моментот да ќе се крене  врева или однесување што не ми се допаѓа, ги ставам сите работи во кеса за ѓубре и велам: „Работите се пред тебе.“ Чао, збогум и нов брак“ – изјавила Маја во една прилика пред медиумите..

„Мајка ми ми велеше: „Еден појди, друг дојди“ – раскажа пејачката.

Инаку, Маја е мајка на две ќерки Теа и Андреа, а пејачката е позната по песните „Лиду лидуду“, „Среќо кажи“, „Многу солзи“, „Шила“  и други хитови испеани на македонски и српски јазик.

Да потсетиме, Маја Оџаклиевска пред три години гостуваше во емисијата „Луда ноќ“ и официјално се прости од публиката и кариерата откако го отпеа синглот „Све ти опраштам“.

Пејачката во таа прилика низ насмевка изјави дека е уморна од сѐ и дека ова е нејзиниот последен настап.

Деновите во пензија ги минува далеку од Белград, во природа со животните и нејзиниот миленик, внукот Лука, кој е нејзина голема радост, но е дете со дијагностициран аутизам.

Фото: Принтскрин/Ата Имаџес/Рингиер/М.Лопичиќ

Останати вести од Радио Милева