Живот и Стил

Апликација за поголема контрола врз тоа што децата го гледаат на Јутјуб

Апликација за поголема контрола врз тоа што децата го гледаат на Јутјуб

На пазарот се појави нова апликација – „YouTube Kids“, која на родителите им овозможува поголема контрола врз сѐ она што децата гледаат на Јутјуб.

Содржината, која е веќе прилагодена на возраста на децата, ќе може и дополнително да се адаптира со посебни опции за ограничување и забрана за гледање. Апликацијата може да биде заштитена и со лозинка, како и да се ограничи времето на прегледи преку неа.

Апликацијата во својата база има и едукативни видео содржини, кои ќе можат да се користат за деца од различна возраст. Дизајнот е исто така прилагоден за најмалите. Има крупни икони и лесно разбирлив текст.

Колку повеќе ќе биде употребувана и колку повеќе корисниците (родителите) ќе ја оценуваат, така и Јутјуб ќе ја надградува и подобрува апликацијата.

изворкурир.мк

To top