Антониа Гиговска е една од оние пејачки кај која промените се секојдневие… Изгледот, имиџот, стајлингот… кај младата пејачка се особено подложни на промени. Така, на секој настап Антониа изгледа поинаку и поразлично од претходниот. Комбинациите на гардеробата се особено впечатлеви и стилски разновидни.
Од Спортско-елегантни до сценски фасцинантни…
И сите внимателно избрани за што посовршено да и прилегаат на младата музичка ѕвезда, чија кариера е во подем по сите приватни премрежја.
На еден настап закопчана „до крајници“, а веќе на следниот разголена до… препони!
Токму во една ваква комбинација од црна, навидум провидна тантела, Антониа кај машката популација мамеше воздишки на еден од своите последни настапи. Комбинезонот со рол јака и ракави налик на ракавици ги излуде нејзините приврзаници.
Особено оние кои имаа неодолива желба да ѕирнат и дознаат што тоа сексапилната пејачка крие под свилениот детаљ на преклоп со длабок шлиц, налик на „миниќ“!
А комбинезонот ем тесно припиен па ја отцртува сета телесна убавина на пејачката, ем прави привид како еден вид оптичка илузија дека е проѕирен, а всушност под црното ништо не се гледа. Ама затоа, пејачката случајно или намерно, решила сепак да покаже што тоа крие под црната тантела, па Антониа разголена ја сподели својата телесна убавина.
Имено, додека ја подготвувала својата концертна комбинација, веројатно на една од шнајдерските проби кај креаторката, Антониа Гиговска разголена сликнала една фотографија. Или поточно младата пејачка снимила мини клипче во кое променета во истото она што налик на миниќ со длабок шлиц подоцна ќе го носи на настапот. Само што овде го облекла за проба или само за позирање, но овој пат пејачката со пуштени руси коси, под него ништо не носи. Горе топлес, а градите покриени со дуксер, а долу гола, ама само фиктивно, зашто фактички, под миниќот Антониа сепак носи гаќички… И тоа од црна тантела, барем така изгледа?!
Кој не верува, може слободно да провери без „да се ѕвери“ во стајлингот од настапот. Убаво погледнете го клипчето, па сами проценете дали и што носи „рипчето“ под мини фустанчето. Ако не можете да утврдите, прашајте ја самата Антониа, кога во првата следна прилика на Инстаграм стори ќе реши да одговара на вашите прашања!
Фото и видео: Инстаграм/antoniagigovskaa