Радио Милева Моден погодок

Антониа Гиговска со ултра тренди есенска комбинација ги освои следбенчките, особено со палтото, а доби и понуда за соработка (фото)

Антониа Гиговска со ултра тренди есенска комбинација ги освои следбенчките, особено со палтото, а доби и понуда за соработка (фото)

Младата македонска музичка ѕвезда Антониа Гиговска добива комплименти не само за својот моќен вокал и музички талент, туку и за храбриот и автентичен моден вкус.

Антониа е доста активен корисник на социјалните мрежи, особено на Инстаграм, а оние кое ја следат знаат доста детали од нејзиното секојдневие.

Кога не пее, Гиговска доста време посветува на својот имиџ и изглед, а особедно сака да ги следи модните трендови и да биде во чекор со истите.

фото:антониа гиговска/инстаграм/принтскрин

Антониа често сака да прави промени на фризурата, да експериментира со модни парчиња, понекогаш да покаже повеке кожа и провокација, но и да се пофали со некоја тренди модна комбинација како сега.

фото:антониа гиговска/инстаграм/принтскрин

Таа на своите следбенички им предлага стајлинг од впечатливо макси палто во светла нијаса, панталони со животниски принт во крој на ѕвонарски од 90-тите, споени со црно блузиче и чанта.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)


Вака стилизирана позираше во неколку пози на кои изгледа одлично и фенси, а истото го забележаа и многуте следбенички кои и поласкаа, ја прашаа за парчињата, но пејачката доби и понуда од други брендови за соработка.

Македонските пејачки немаат настапи, но затоа периодов се доста посветени на промовирање гардероба и накит.

To top