Откако им се врати на кариерата и настапите, Антониа Гиговска е турбо активна со набиена агенда низ клубови и дискотеки низ целата земја.
А сцената бара работа, како за вокално претставување, така и сценско, визуелно.
Тониа, како што милува да и биде уметиничкото име напорно работи за се’ да биде тип-топ и да грми на сцена.
Гиговска беше препознатлива по својата долга руса коса која реши драстично да ја скрати, и да проба нови фризури и трендови. Сепак, долгата коса остана нејзина љубов, а коса не расте така брзо.
Во секој случај во ова модерно и современо време во кое живееме, решение има и тоа од поодамна, а се вика екстензии и тоа со можност да бидат природни.
View this post on Instagram
Постапката на добивање долга коса повторно, не е евтина, особено ако клиентката бара да биде густа и долга.
Антониа го сакаше токму тоа, па и го доби.
Ултра долга густа и руса коса која изгледа прерасно како најубав украс што го има на себе.
Со последните фотографии таа се пофали со премиум луксузот на својата глава, а многумина, особено припадничките на понежниот пол ќе се согласат дека изгледа перфектно.
фото:Instgaram printscreen/ antoniagigovskaa