Младата 22 годишна пејачка Антониа Гиговска ќе стане мајка како мажена жена.
Таа од 30-ти април и официјално е во брак, откако со музичарот и колега од нејзиниот бенд, Роберт Спасенцоски си кажаа „да“ и ставија параф во матично. Тоа го потврди Гиговска со објавата на својот Инстаграм профил обзнувајќи дека таа и Роберт станале споружници пред законот и приложи серија фотографии.
„30.4.2023 Officially Married“ напиша невестата.
Честитките веднаш почнаа да се нижат една по друга, но прва која им честиташе на младите беше српската пејачка Анастасија Ражнатовиќ која и самата е во блажена состојба и пред брак.
Невестата Антониа се одлучила за елегантна и тесна венчаница од тантела во сирена крој која дополнително го истакнува трудничкиот стамок од поодминатата бременост.
За потсетување, Роберт ја запроси Антониа изминатата зима во Копаоник на нејзиниот роденден, момент и кога објавија дека се во врска, но и дека чекаат принова. Претходно Антониа Гиговска беше во долгогодишна врска со пејачот на групата „Либеро“, Иван Јованов.
фото:Инстаграм принтскрин/Антониа Гиговска