Радио Милева белег за големите промени

Антониа Гиговска редовно се шара по телото, сега пак има нова тетоважа и тоа со силно значење (фото)

Антониа Гиговска редовно се шара по телото, сега пак има нова тетоважа и тоа со силно значење (фото)

Новата музичка тема „Брига ме“ како камбек за Антониа Гиговска на сцената по бременоста и породувањето, е тековниот новитет за неа.

Песната за краток временски период станува се поактуелна, а фановите и следбениците редовно и праќаат видео пораки како ја пеат. Најсреќна мама Тониа која како да едвај чека ново видео од своето ново музичко парче кое ја освојува публиката.

Таа блеска, поткована музички и визуелно за да почне и непосредно да пее пред својата публика, а агендата е веќе полна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Откако се породи и стана мајка за првпат, животот и се смени од корен, но по 4 месеци се почувствува подготвена да се врати на старо, а за она претходно да стави траен печат.

Фановите секогаш ги интересира нешто повеќе за Тониа, а овој па сакаа да ја видат новата тетоважа која ја направила. Гиговска не го сокри скржено овој момент, па веднаш покажа дека се работи за силуета од мајка и бебе со срце меѓу нив.

Мала и едноставна, баш онаква каква што претпочита таа и во склад со сите останати по нејзиното тело.

Антониа е љубител на тетоважи, а оние што досега ги ставила се најчесто симболи и зборови со значење.

Последната е белег на големата животна промена, мајчинството, кое за мама Тониа заслужи да биде врежан белег за цел живот.

фото: Instagram printscreen/ antoniagigovskaa

To top