На Антониа Гиговска и остана уште некоја недела до крајот на бременоста, така што за голем дел трудници ова се едни од потешките денови од третиот триместар.
Пејачката решила да „удри“ на песна, па така видно расположена се снимаше за да им прати поздрав на следбениците пеејќи го хитот на Тамара Тодевска, „Нијагара“.
Облечена во тесно црно фустанче со стомакот до заби, Антониа не му се дава на лежерниот изглед и комоцијата, за која многу трудници во таа фаза се’ би дале.
Но не и Антониа. Таа сака да биде секси, а провокацијата се уште е нејзин избор, додека бременоста дополнителен момент за истакнување на женственоста. Познато е дека Гиговска ги зголеми усните кои се прилично поралични од она какви беа природни.
Поради хормоните и тежината на плодот во утробата, кај мајката може да се јават отоци, кај Антониа поголеми, односно поволуменозни изгледаат усните, е сега дали е хормонална реакција или повторно вбризга волумен, знае самата.
Но,видливо е, а нејзе и тоа и се допаѓа. Најважниот момет- да се чувствуваш удобно во своја кожа.
За потсетување, Антониа Гиговска носи машко, а породувањето треба да се случи во една приватна болница во Скопје.
фото:Инстаграм принтскрин/Антониа Гиговска